Британија сака да им забрани на возачите да носат Google Glass

во Свет

Британските законодавци ја разгледуваат можноста да забранат користење на Google Glass очилата додека се вози. Ако биде донесен, ова ќе биде еден од ретките случаи каде законите се носат како мерка на претпазливост, бидејќи очилата сè уште не се пуштени во јавна продажба. Официјалниот став е дека постои загрижост дека очилата ќе им го одвратат вниманието на возачите од патот.

„Свесни сме за излегувањето на Google Glass наскоро и раговараме со полицијата за да се обезбедиме дека возачите не ја користат технологијата додека возат. Важно е возачите да бидaт фокусирани на патот, а не да се фокусираат на работи кои го одвлекуваат нивното внимание.“, вели портпаролот на Одделот за транспорт.

Сепак забраната не е едноставна колку што изгледа. Навигацијата која ја нуди Glass е слична како и одвлекување на вниманието од GPS уредите кои бараат возачот да го симне погледот од патот, додека гласовниот асистент на паметните телефони е далеку помала пречка. Сепак никој не може да оспори дека екранот на Glass кој лебди над десното око над корисникот може да го одвлече вниманието.

Казните за возачите кои користат Google Glass ќе бидат исти со останатите прекршоци кој ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот кои го одвраќаат вниманието на возачите, околу 90 фунти и три казнени поени.

Одлуката на Google Glass на патиштата во Британија по се изгледа ќе зависи од процената дали Google Glass носи повеќе безбедност, отколку опасност на патиштата. Постои можност Google да ја ограничи употребата на Glass додека корисниците се во возилата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk