Британија ќе му конкурира на SpaceX

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Велика Британија го купи банкротираниот стартап за интернет инфраструктура OneWeb.

OneWeb е една од компаниите кои му се конкуренти на SpaceX во креирањето на инфраструктура за сателитски интернет. Компанијата на 20 ноември прогласи банкрот, а сега контола имаат Велика Британија и милијардерот Сунил Митал.

Конкуренцијата во овој сектор е значителна, од SpaceX и Amazon, па се до некои помали компании и стартапи. Сопствен „поглед“ на интернет инфраструктура за рурални и недостапни предели имаат и во Google, кои работат на Project Loom; мрежа на балони која обезбедува интернет на одделени локации.

OneWeb треба да обезбеди уште 1,25 милијарди долари за да се обиде да го оствари својот план. Компанијата сака до 2022 година да обезбеди интернет сервис. Прва цел е до следната година да се креира одржлив сервис во Велика Британија и на Арктик, пренесе Ars Technica.

Разликата од најголем дел од конкурентите е што OneWeb ќе го нуди пакетот на компании, а не на индивидуални корисници. Цената на приклучоците за сателитски интернет засега е висока, па интересот кај индивидуалните корисници веројатно нема да биде преголем.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments