0 коментари 2 мин. читање 30 април, 2015

Британија ја забрани пиратската апликација Popcorn Time

Апликацијaта која ја доби титулата „Netflix за торенти“, Popcorn Time, е забранета во Британија. Судот во Велика Британија им наложи на интернет провајдерите да го блокираат пристапот до интернет за сите четири верзии на Popcorn Time. „Popcorn Time нема законска примена и единствено служи за нарушување на авторските права. Судските налози се ефикасна мерка за справување со сајтовите кои се посветени да олеснат и промовираат кршењето на авторските права.“, вели MPAA во барањето кое го усвои судот.

Интересно анализата базирана на Google Graph, покажува дека за Popcorn Time има поеднаков интерес како за HBO.

Судската забрана важи единствено за Велика Британија, а со оглед на тоа дека Popcorn Time е со отворен код и на него работат стотици девелопери волонтерски, а апликацијата се хостира на повеќе страни, речиси е неверојатно дека на судската одлука ќе биде реална закана за креаторите и контрибуторите на Popcorn Time, но и за сервисот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top