Valve ги тргна платените модови oд Steam по бунт на гејмерите

во Софтвер

Valve ќе им овозможи на сите креативци да заработат од модoвите кои објавуваат на Steam. Најголемата дигитална продавница за видео игри сега им овозможува на сите кои креираат модови од игрите, односно алтернативни игри изградени врз некоја друга игра, да одредат цена по која истите ќе се продаваат.

Помалку од една недела траеа платените модови на Steam. Идејата да им се понуди на креативците да креираат дополнителна содржина за игрите и за тоа да бидат финансиски наградени, наиде на отпор од гејмерите. На иницијативата на Valve одговори гејминг заедницата со сопствена иницијатива преку која 130.000 потписници побараа повлекување за платените модови.

Дел од креаторите на модови не беа задоволни од надоместокот од само 25 отсто кој би го добиле за креирање на дополнителна содржина. Останатите 75% од заработката ќе одат за Valve, 30%, и oригиналниот креатор, 45%. Модовите може да бидат минимални на пример естетска надградба или нов изглед на оружје, но во дел од случаите на пример Skywind или Skyblivion претходните делови на Elder Scrolls се портираат цели игри во новиот енџин. Токму Elder Scrolls е една од игрите за чии успех се заслужни модерите. Без сомневање станува збор за фантастична игра, но модерите влијеа на играта не само преку естетски додатоци, туку у преку Ultra HD текстури со кои играта станува далеку подобра. Дел од играчите го лоцираа проблемот на Elder Scrolls Online MMO-то на Bethesda, токму во недостатокот на модови креирани од играчите.

Иако компанијата експресно ја повлече новата функција, се чини дека нема толку лесно да се повлечат од идејата, иако признаваат дека изборот на игра со која ќе започне релизацијата на идејата е несреќен избор. „Ја потценивме разликата помеѓу претходните успешни модели и додавањето на платени модови во Skyrim. Сметаме дека ја разбираме нашата заедница добро но влезот на заедница која е етаблирана со години како Skyrim нејверојатно не е вистинско место за почеток. Ова направи почетокот да биде лош, но сепак веруваме дека ова е корисна опција.“ Дали ова значи дека наскоро е можно да видиме враќање на платените модови е рано да се прогнозора, но идејата која ќе им овозможи на дел од најкреативните корисници на Valve потполно да се посветат на креирањето на модови без притоа да се грижат од каде ќе дојдат парите за следниот „ручек“ е одлична.

„Основно, Valve ги сака модовите (Team Fortress, Counter Strike, Dota). Отвореноста на PC-гејмингот е причината поради која Valve постои и е клучна за успехот на РС-гејмингот“, вели Гејб Њувел на Reddit AMA.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments