Од една страна, Botany Manor е образовен Walking Simulator со богати можности за истражување.Од друга страна, развојното студио Balloon Studious се има погрижено да го прошири самиот жанр и да понуди и предизвикувачки загатки кои одлично ја надополнуваат приказната и уникатната околина.
Преубава игра која се одликува и со содржително демо!
Првите моменти во Botany Manor значително потсетуваат на Gone Home. Осаменото истражување во викторијанскиот замок магично се испреплетува со неодоливата желба да ги реализирате вашите ботанички амбиции. Покрај ова, суптилните звучни ефекти и зен-инспираната музичка подлога лесно ве поставуваат во состојба на релаксирачка нирвана.

Набргу ќе се најдете себеси како истражувате не само бројни мистериозни соби туку и бројни начини за експериментирање и култивирање ретки билки. Почнувајќи само од семе, ќе додавате земја, вода и дополнителни состојки, надевајќи се дека засаденото ќе прерасне во импресивен примерок. Таквото нешто, меѓутоа, воопшто не е лесно.

Во поглед на Walking Simulator механиките, како Арабела ќе имате за задача да ги истражувате преубавите простори и да се восхитувате на предметите кои доминирале низ нив во 1890 година. Наидувајќи и листајќи низ бројни книги, постери и писма, полека, но, сигурно, ќе дознавате детали за некои од предизвиците со кои Арабела се соочувала, особено во поглед на нејзината борба да се истакне како реномиран научник.

Што се однесува до самите загатки, на располагање имате и релативно лесни, но и значително предизвикувачки ситуации кои бараат одредена доза размислување, шетање, вртење во кругови и учење преку експериментирање. Иако често се става акцент на релаксирачки гејмплеј, одредени загатки и тоа како знаат да ве замислат, особено кога се работи за создавање идеални услови за успешно напредување на билките.

Независно од ова, Botany Manor е исклучително кратка игра и, по тричасовна сесија, ќе се соочите со ненадејниот крај на играта. Иако очекувавме повеќе од играта, Botany Manor сепак успеја да понуди задоволително и впечатливо искуство. Во случај да имате Game Pass, играта е дел од каталогот од игри кои се на понуда. Или, пак, проверете го демото на Steam!

Повеќе детали за играта
- Произведува: Balloon Studios
- Издава: Whitethorn Games
- Жанр: авантура, загатки
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 9 април 2024








Содржајно. http://drmj.eu/search/содрж