Borderlands 4: Динамична револуција во светот на лутер-шутерите?

во гејминг

Како огромни фанови на серијалот Borderlands, со нетрпение ја очекувавме четвртата, клучна верзија. Низ годините, секоја Borderlands игра се трудеше да ја надмине претходната, нудејќи, на еден или друг начин, поразлично и повпечатливо искуство, експериментирајќи со најпопуларните механики и воведувајќи целосно нови.

Во срцето на Borderlands 4 лежат неколку фундаментални промени кои значително го трансформираат искуството. Играта веќе не се одвива во сегментирани зони одделени со екрани за вчитување, туку се проширува во еден голем, беспрекорен отворен свет на планетата Каирос. Дали ваквата промена е во вистински правец и како директно се надополнува со новите иновации во играњето?

Благодарност до CD Media за отстапениот клуч за рецензијата

Динамично движење и вертикалност

Еден од најзначајните елементи во Borderlands 4 е револуционерниот систем за движење. Играта воведува сет на механики кои ја зголемуваат флуидноста и вертикалноста на играњето, вклучувајќи двоен скок, залет за брзо залетување и избегнување напади, кука за фаќање, како и, нашето омилено – лебдење низ воздухот. Комбинирано користење на алатките допринесува до прекрасно прогресија низ огромниот, отворен свет, правејќи го истражувањето на Каирос возбудлив дел од искуството, а не мачна рутина.  

Новите можности за движење директно се искористени во дизајнот на мапата, со карпи, структури и високи точки кои ве наградуваат за употребата на двојниот скок и куката. Воздушниот лет овозможува брзо прелетување на големи растојанија, како што се кањони или спуштање од високи места директно во непријателски кампови за изненаден напад. Дополнително, можете да се движите низ светот со персонализиран дигиранер – компатибилно и импресивно возило на лебдечки погон кое може да се повика речиси насекаде. Благодарение на ова, по прв пат се елиминира потребата од станици за возење.

Сложеност на карактери и вештини

Прогресијата на карактерите кои ги имате на располагање е значително проширена, нудејќи ви подлабоки опции за градење импресивни билдови. Изборот на еден од четирите нови Vault Hunters отклучува пристап до три гранки на дрвото на вештини и уникатни Action Skills. Ваквиот систем е осмислен за да дозволи создавање на широк спектар на моќни билдови преку комбинирање на активни способности и моќни пасивни ефекти. Кој и лик да одберете, за брзо време ќе видите како на мајсторски начин се илустрираат комплексниот потенцијал за градење карактери. Во ситуацијата на Vex, пример, таквото нешто се огледа во моќтта на статусни ефекти и етерични суштества.

Најзначајната иновација, меѓутоа, доаѓа во завршната фаза на играта. Имено, по завршувањето на главната кампања, се отклучува ново дрво на вештини наречено Specialization Tree. Ова дрво, кое вклучува гранки како Survivor и Sharpshooter, се надградува со искуство и нуди пасивни бонуси, давајќи ви да работите кон нешто што е поразлично од само подобар и подобар плен. Паралелно со ова, би можел пријатно да ве изненади и новиот систем насловен како Firmware Transfers. Системов овозможува пренесување на сет бонуси од еден предмет на друг, уништувајќи го првичниот. Благодарение на ова се елиминира чувството на плиток ендгејм, а се поплочува пат за долго, забавно и наградувачко искуство. Имено, наместо само да се игра одново со поголема тежина, новите системи за прогресија всушност бараат стратешко планирање и посветеност.

Подобрено кооперативно искуство

Borderlands 4 е од темел дизајнирана за кооперативно играње, елиминирајќи ги стандардните бариери за заедничко играње. Играта нуди целосна крос-плеј поддршка, како и можност за играње во сплит-скрин режим за двајца играчи на конзоли, што овозможува флексибилност во социјалното играње. Најважните промени се динамичното скалирање на нивоата и индивидуалните поставки за тежина. Ова значи дека пријателите можат да играат заедно без разлика на нивното ниво или опрема, бидејќи играта ја прилагодува тежината на секоја борба за секој играч поединечно. Покрај тоа, можноста за брзо патување директно до соиграчот ја отстранува фрустрацијата од непотребното патување низ огромниот свет. Како резултат, добивате строга, синхронизирана авантура во порелаксирано, социјално искуство.

Очи и уши

Borderlands 4 е изградена на Unreal Engine 5, но и понатаму доследно го одржува препознатливиот сел-шејдинг стил. И покрај тоа, се забележуваат значителни визуелни подобрувања во однос на геометријата, текстурите и осветлувањето, што му дава на светот поголема длабочина и детали во споредба со претходните наслови.

Аудио искуството во Borderlands 4 покажува јасна дистинкција помеѓу звучниот дизајн и музиката. Од една страна, дизајнот и имплементација на звучните ефекти се маестрално изведени, допринесувајќи задоволително искуство при користење на бројните оружја, особено исфрлањето и вдомувањето на куршумите во непријателските тела. Од друга страна, музиката се чини несоодветно разработена за бројните области, допринесувајќи до невпечатливо искуство предизвикано од неинспирстивни мелодии.

Ова, меѓутоа, не значи дека играта не е без технички проблеми. Забележливи се повремен сецкања при движење низ големи отворени области, пониски и нестабилни FPS, како и, во одредени поретки ситуации, целосно и ненадејно исклучување на играта. Овие недостатоци, иако знаат да бидат фрустрирачки на моменти, не можат да ја засенат одличната изведба на механиките, приказната, глумата и, секако, преубавиот огромен свет.

Иако Borderlands 4 не измислува топла вода , играта сепак претставува значајна еволуција на серијалот. Преку елиминирање на нејзините традиционални недостатоци и зајакнување на нејзините најсилни елементи се создава најфлуидно и најеволуирано искуство во франшизата. Новите механики на движење, заедно со беспрекорниот отворен свет ги решаваат проблемите со кои се соочуваше серијалот во минатото, правејќи ја навигацијата и борбата подинамични и помалку линеарни.

Заедно со значително подобрениот и попристапен ко-оп систем, чедото на Gearbox ja претвора авантурата од строга линеарна приказна во флексибилно, социјално искуство, доколку, се разбира, најдете пријател – два. Технички проблеми знаат да бидат проблем, но неколкуте закпи што излегоа до сега значително го имаат подобрено искуството, дозволувајќи ви да бидете еден чекор поблиску до најостварена визија на она што серијалот може да биде.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Gearbox Software
  • Издава: 2K
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 11 септември 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk