8 коментари 1 мин. читање

Гледајте блокирани сајтови со Media Hint додаток за Chrome и Firefox

<Надополнување> За жал ништо што е добро не е бесплатно. Media Hint сега наплаќа за да ви ги отвори сајтовите.</надополнување>

Media Hint е фантастична екстензија за Firefox и Chrome која е направена да го промовира „отворениот интернет“ и овозможува да гледате програма или да слушате музика било каде во светот. Ова значи дека корисниците ќе можат да пристапат на дел од сервисите кои се ексклузивни за одредени региони, како на пример Hulu, BBC iPlayer, дури и Netflix иако за слични сајтови е потребна претплата. Може и да пристапите до сервисите за стримање музика кои не се достапни во Македонија, како Spotify или Pandora.

Најдобрата работа е што за екстензијата не треба да правите ништо специјално откако ќе ја инсталирате, дел од содржините одвреме навреме стануваат повторно недостапни, но надградбите се редовни. Екстензијата ја маскира локацијата да изгледа дека ги гледате содржините од земјата каде е достапен сајтот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top