BMW ја достигна целта, продаде 100.000 електрични возила во 2017 година

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести

Германскиот автопроизводител BMW успеа да продаде 100.000 електрични возила во 2017 година. Најголем дел од возилата се продадени во Европа и САД, јави Reuters.

Сепак, не станува збор за исклучиво електрични возила, туку дел од возилата се и хибриди. Потполно електрично возило кое беше дел од овие 100.000 продадени автомобили е i3 compact.

„Електромобилноста е индикатор по кој јас го бележам успехот“, вели Хералд Кругер, директор на BMW.

Ова е одличен раст на продажбата на електрични возила за BMW од 60%. Во 2016 година продадоа 62.255 електрични возила. Германскиот производител очекува истиот тренд да продолжи и во 2018 година, и компаниајта повторно да забележи трицифрен раст на продажбата на електрични и хибрид модели.

Во септември компанијата најави дека во 2025 година ќе имаат 12 нови електрични возила со домет од 700 километри. За 2021 ќе биде претставено ново електрично возило, седан со четири врати.

BMW на почетокот на оваа недела најави партнерство со американскиот производител на батерии Solid Power.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk