0 коментари 2 мин. читање 28 октомври, 2022

Блокирајте непродуктивни сајтови и апликации со Cold Turkey

Facebook, Redditt и бројни игри и апликации лесно можат да ве навлечат на одложување на вашите работни обврски. Во случај да не можете да им оддолеете на ваквите непродуктивни сајтови или пак сакате на вашето дете да му го ограничите пристапот кон нив, тогаш потребна ви е апликација како Cold Turkey.

Cold Turkey целосно или привремено блокира вебсајтови, игри и апликации, се со цел да се охрабри корисникот да биде попродуктивен и да не го непотребно троши слободното време.

Првенствено, апликацијата ви сервира листа од одредени најчесто посетувани сајтови за кои можете да го блокирате понатамошното посетување, како и рачно да внесете одредени домејни, или уникатни зборови кои би можеле да се користат за пребарување. Доколку навистина сакате, можете и да го целосно блокирате пристапот кон интернетот. Секојпат кога ќе пробате да посетите некој од блокираните сајтови, само ќе добиете мотивациски цитат.

Про верзијата ви дозволува да блокирате и игри, односно апликации, така што го блокирате exe фајлот. Доколку сакате, може да отсечете пристап до одредени фолдери, како и каква било Windows апликација.

Како што напоменавме, можете да наместите ваквите блокади да стапуваат на сила само во одредено време.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top