2 коментари 2 мин. читање 20 октомври, 2011

Блоговите хостирани на WordPress.com ќе можат да нудат реклами

Водечката компанија за дигитален маркетинг, Federated Media, и компанијата одговорна за WordPress.com, Automatic, потпишаa стратешко партнерство кoe ќe овозможи сите WordPress блогови да можат да нудат реклами.

Ова партнерство беше најавено на конференцијата Web 2.0 во Сан Франциско, и ќе биде од голема корист како за сопствениците на блогови, така и за маркетарите кои сега ќе имаат можност да бираат од 24 милиони блогови, како и пристап до 247 милиони посетители. WordPress.com е дом на толку многу блогови што секоја можна тема е покриена, што на маркетарите им се отвара можност да го покријат секој можен пазар.

WordPress.com се разликува од отворениот систем за контент менаџмент WordPress.org во тоа што можностите да се менуваат и подобруваат WordPress.com блоговите се далеку помали, што значи дека не подржуваат виџети и реклами од трети страни, што значи дека на тие што ги водат не им носат пари. Овие блогови претежно претставуваат хоби за тие што ги водат. Новото партнерство ќе им овозможи и да заработат нешто од своето хоби.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Chaki Rey
Chaki Rey
14 years ago

Supperr :D !!!

Pinceta
Pinceta
14 years ago

Ајде да видиме како ќе оди тоа :]

Мени
Заедница
Изглед
To top