Nokia наредна недела ќе ги претстави првите Windows Phone 7 телефони

во Мобилни

Мобилниот гигант Nokia најави дека првите Nokia Windows телефони ќе бидат прикажани на 26 октомври во Лондон на нивната конференција Nokia World. Оваа вест ја изјави главниот човек за Windows телефоните на Microsoft, Енди Ли, според кој на 26 октомври може да се очекуваат повеќе Windows телефони, не само еден.

Главниот човек на Nokia, Стивен Елоп, изјави дека Windows телефоните ќе бидат најпрво пуштени во продажба во селектирани држави на крајот од оваа година. Тој исто така изјави дека во 2012 систематски ќе се зголемува бројот на држави во кој ќе може да се купи Nokia Windows телефон. Елоп не кажа точно кои држави ќе бидат први што ги добијат новите паметни телефони на Nokia, но спомна дека ќе се појават во оние држави каде Symbiam е веќе добро распространет.

Изминатава година беше навистина тешка за Nokia, чиј профит постојано опаѓа, и како резултат во наредниот период финската компанија ќе мора да отпушти повеќе од 3,000 вработени. Nokia се надева дека Windows Phone ќе успее да ги врати на старите траки кога беше водечки производител на паметни телефони.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk