0 коментари 2 мин. читање 8 октомври, 2019

BleachBit е солидна алтернатива на CCleaner

Доколку сте разочарани од насоката во која се движат најновите верзии на CCleaner и едноставно барате достојна замена која нема да ве гуши со анти-потрошувачки политики, пружете му шанса на BleachBit.

Целта на BleachBit е да отстранува ѓубре, непотребни работи кои се вдомиле во вашиот хард диск. Паралелно со ова, алатката ја штити вашата приватност така што неповратно уништува лични податоци.

Користењето на BleachBit е крајно едноставно. Изберете ја саканата област, како прелистувачка историја, колачиња и слично, изберете Preview, а потоа и на Clean за да го отстраните непотребното.

За разлика од CCleaner, BleachBit не се одликува со Registry Cleaner, како и Startup Manager. Иако признаваме дека чистењето на регистрите знае да биде корисно, воопшто не нѝ е мака што го нема start up управителот. За таквата намера, обично се консултираме со исклучително моќниот управител кој доаѓа со самиот Windows. Едноставно одете во Settings, па Apps, па Starup.

На BleachBit се работи веќе 11 години. Постојат верзии за Windows, Linux, и macOS. Ниедна од верзиите ниту е платежна, ниту содржи реклами. Згора на тоа, нема да бидете форсирани да инсталирате дополнителни пакети, нема да се бара до вас да споделувате податоци, или да ви се наметнува активно надгледување, работи кои и те како беа или сеуште се форсирани од CCleaner.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top