Зрно по зрно до милијарди долари: Како „облакот“ прави пари?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Замислете дека градите огромно летувалиште, можеби најдоброто во светот, објаснува Ендрју Јаси од Amazon Web Services за како „облакот“ прави пари. „Но, наместо да заработувате од изнајмување соби, собите се бесплатни, а наплаќате за секое зрнце песок кое го допираат посетителите. Цената е минимална, но доколку лежат на доволно зрнца, тогаш се собира“.

Услугите на облак сервисите често се со симболична цена, но поентата е дека тој трошок се собира во релевантна сума. Зрната песок во примерот на г. Јаси се пресметковните циклуси. Секој од нив чини милионите делови од цент, но милиони циклуси во дел од секунда обезбедуваат одлична заработка за Amazon. Можеби попознат ви е начинот на заработка од рекламите на Google. Компанијата заработува од секој корисник кој ќе ја отвори рекламата. Бидејќи рекламите се презентираат на милијарди корисници, таа заработка нараснува. Дополнително Google инвестира 9,9 милијарди долари годишно во својот сервис, па конкуренцијата не може ниту да се приближи, вели New York Times.

Корисниците на овие „облак“ услуги се сите компании, од банките, па сѐ до новите и модерни стартапи како Uber или Netflix. Amazon, Google и Microsoft предвидуваат дека во иднина ниту една компанија нема да има сопствени сервери, туку ќе „позајмуваат“ од облакот. Клучно за сите што нудат сервиси преку облакот е што можат да понудат различни услуги. Ова овозможува потполна искористеност на серверите, што значи и целосно искористување на инвестицијата. „Секоја неискористена секунда е пари кои нема да можете да ги заработите“, вели Грег Демишили кој го води облакот на Google.

Токму потребата за потполна искористеност постојано, е главниот мотив кој го води облакот кон постојано унапредување. Секоја од компаниите знае дека останатите работат на идни услуги, и дека конкуренцијата е сериозно, што ги тера да креираат нови технологии. „Не велиме што ако Amazon го направи ова? Претпоставуваме дека ќе го направат и се обидуваме да го направиме подобро и побрзо“, вели Остин Колинс од Serverless.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix Global

QA Engineer

Swiss Increasing Market Employability Program - IME

Open Call for ICT Expert (Full-Time Position)

види ги сите огласи на kariera.it.mk