0 коментари 2 мин. читање 26 април, 2016

Bitstamp е првa лиценцирана берза на биткоини во 28 европски земји

Луксембург, а со тоа и Европа, ја доби првата државна берза на виртуелната валута биткоин. Властите му доделија лиценца на Bitstamp, кој стана прва лиценцирана берза. Лиценцата е актуелна од 1 јули кога Bitstamp ќе започне со работа. „Ова е за прв пат во индустријата. Влегуваме во нова ера, во која лиценцираните берзи стануваат нов стандард“, вели ко-основачот на Bitstamp, Нејц Кодрич.

Поради европските закони, сите компании кои слободно работат во една држава-членка на Унијата, можат да работат и во останатите држави членки. Ова значи дека Bitstamp може да тргува со биткоин на територија на сите 28 држави членки на Унијата. Лиценцата треба да донесе поголема стабилност на крипто-валутата, која досега повеќе се поврзуваше со криминал и нестабилна вредност, вели Forbes.

Крипто-валутата не беше без легитимни инвестиции, бидејќи многу технолошки инвеститори гледаат на биткоин како на технологија што ќе ги смени финансиските услуги онлајн. Досега во берзи инвестираа и големите фондови New York Stock Exchange и Goldman Sach, но ова е прв пат крипто-валутата да дојде на берза која е под покровителство на држава.

Bitstamp започна како словенечки стартап, основан од Нејц Кодрич. Во 2012 година берзата е преселена во Велика Британија, а од 2014 година е берза на која најмногу се тргува. Во 2014-та берзата беше цел на DDoS напад, а подоцна во 2015-та година од берзата беа уркадени 19.000 биткоини или 5 милиони долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}