1 коментар 2 мин. читање 27 април, 2016

Apple ќе објави намалени приходи, прв пат по 13 години!

По повеќе од 13 години, Apple ќе објави дека има намалена заработка. Продажбата за март е намалена 13 отсто во споредба со претходната година, но сè уште е импресивна – 50,6 милијарди долари, јави Recode. Компанијата уште има 233 милијарди долари во кеш како резерва.

Компанијата уште во јануари најави дека заработката ќе биде намалена за прв пат по 2003 година, и за тоа главен виновник ќе биде намалената продажба на iPhone 6, главно поради заситувањето на пазарот. Минатата година во март компанијата од продажба на iPhone заработи 61 милион, а оваа година помеѓу 50 и 52 милиони долари. Apple се надева дека влезот во Кина наскоро ќе ја зголеми продажбата, иако од Купертино велат дека растот во последните неколку години е благодарение на азискиот пазар.

Сè уште нема подетални информации за продажбата на секој уред посебно. Неофицијалните податоци велат дека паметниот часовник Apple Watch во првата година се продава двапати подобро од iPhone. Компанијата продала 12 милиони часовници и само од нивната продажба заработиле милијарди долари, јави Cult of Mac. Но, ваков тренд беше забележан и со првата верзија на iPad. На претставувањето на нов уред се очекува тој уред да го надмине iPhone, но откако ќе помине првиот бран купувачи iPhone секогаш излегува како шампион во продажби.

Компанијата има заработка од дел од услугите, пред се од iTunes и Apple Music, каде продажбата е зголемена 20 отсто. Раст од 30 отсто има во „останатите прoизводи“ во кои е вклучен Apple Watch, но и Apple TV. Уште поголем пад на заработката се очекува за јунското тримесечие во кое се предвидува пад од 15 отсто.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top