Интернационалната компанија Keitaro која има канцеларии и во Македонија, претстави нова платформа за менаџмент со податоци. Amplus за првпат беше претставен на Code for America Summit 2019, настан кој се одржа во Оукленд, Калифорнија.
Од Keitaro ветуваат дека со оваа платформа ќе го променат начинот на кој компаниите ги гледаат и ги користат податоците. Секако Keitaro сè уште веруваат во моќта на отворениот код и отворените податци, со Amplus ги претставуваат можностите и придобивките на отворените податоци.
Amplus е безбедна платформа за управување со податоци, којашто драстично може да го промени начинот на кој функционира една компанија или државна институција. Платформата ја зголемува вредноста на податоците со тоа што ги претвора податоците во корисни информации на дневно ниво.
Со помош на Amplus компаниите и институциите ќе можат да ги организираат своите податоци, а ова ќе го прават преку интуитивен портал. Решението е прилагодени како за приватниот сектор така и за државниот сектор. Она што е интересно е дека иако платформата е единствена за двата сектори, сепак придобивките од користењето се различни.
На пример во јавниот сектор платформата со помош на отворени податоци нуди:
- поголема транспарентност
- безбедност и интеграција на корисници
- потполна автоматизација на процеси
- алатки за трансформација од податоци до совети базирани на овие податоци
- подобар ангажман на јавноста
- визуелизација на податоците
- подобрени операции и продуктивност
- платформа со која се продлабочува довербата
За компаниите пак Amplus нуди поинакви придобивки:
- каталогизација на податоците
- систематско организирање на податоците
- безбедност и интеграција на корисници
- поголема ефикасност и колаборација помеѓу различни оддели
- поголем „cost-benefit“
- трансформација од податок до совет за акција
- платформа за подобрување на перформансите
- алатки за автоматизација на подготовките во податоците
Освен во Македонија Keitaro има канцеларии и во Шведска, Германија и Америка. Главно се фокусирани на работа на Linux и open source решенија и нудат консултантски услуги. Постојат од 2012 година, а имаат канцеларии во Битола, Скопје, Малмо и Берлин. Неодамна го претставија своето микро-сервис решение, Microkubes.