0 коментари 2 мин. читање 4 декември, 2017

Bitcoin Bubble Burst е вештачка интелигенција која го следи bitcoin балонот

Дел од експертите предупредуваат дека балонот на bitcoin наскоро би можел да пукне. Проблемот со ова е што речиси никој не може да предвиди која е вредноста на крипто-валутата на која ќе биде направена корекцијата. Сепак, барем во моменов цената од околу 10.000 долари е стабилна.

Bitcoin Bubble Burst е стартап кој се претстави на Disrupt Berlin хакатонот. Вештачката интелигенција следи различни податоци поврзани со bitcoin и цената на крипто-валутата. Апликацијата ќе го извести корисникот секогаш кога има нешто што може да влијае на цената или кога има голема промена на цената, пишува TechCrunch.

Дел од вестите кои би можеле да влијаат на цените се: некоја држава да забрани криптовалути; кога има хакирање на поголема берза; или ако има даночење на приходи од криптовалути. Ова се лоши вести кои може негативно да се одразат на цената на bitcoin.

Креатотите на сервисот наскоро планираат да додадат и можност за SMS нотификиации, а апликацијата е достапна на Github.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top