Bing и Google растат, Yahoo се губи

во Веб

{mosimage} Од мај кога прв пат беше објавен, Bing, пребарувачот на Microsoft, во август задржa 10.7 отсто од пазарот на пребарувачи, раст од 9 отсто во Јуни. Тоа што е интересно во статистиката на Nielsen е што и Google имал раст на пазарот.

Гигантот кој се користи за огромен дел од пребарувањето сега има 64.6 отсто од пазарот, што е всушност пораст од 2.6% од јули.

Губитникот е Yahoo. Пред појавувањето на Bing, Yahoo имаше над 20% од пребарувањето, сега има 16%, пад од 4.2 отсто од јули. Овој пад на Yahoo ќе продолжи поради Microhoo договорот за сорабoтка меѓу Yahoo и Microsoft. Yahoo ќе ја предаде технологијате за пребарување на Мicrosoft, а за возврат ќе добие огромен процент од профитот од онлајн рекламите.

Предавањето на својата технологија за Yahoo значи дека пребарувањата ќе бидат преку Bing, што значително може да му го покачи уделот на Bing на пазарот на пребарувачи и со тоа да стане вистински конкурент на Google.

Microsoft веќе почнаа да имплементираат интересни опции за пребарување кои Google ги нема. Пред два дена Bing го престави визуелното пребарување кое се уште се тестира, но кое има потенцијал и можност за интересен и нов начин на пребарување. За да се користи таа опција е потребен Silverlight софтверот на Microsoft, па доколку визуелното пребарување привлече публика и корисници тоа ќе значи и проширување на Silverlight и со тоа да му конкурира и на Adobe Flesh кој исто како и Gооgle има огромен удел но во пазарот на мултимедија. Две муви со еден удар, Microsoft?

Од друга страна, наместо 3 конкурентни интернет пребарувачи, иако „конкурентни“ не соодвествува со огромниот монопол на Google, сепак имплиментирањето на Bing во Yahoo значи дека ќе имаме само два огромни интернет пребарувачи. Дали е тоа добро или не ќе одлучат регулаторите кои го разгледуваат Microhoo договорот.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments