Безбедносни агенции од САД ја обвинија Русија за сајбер напади

На крајот на јуни неколку енергетски постројки во САД беа цел на сајбер напади. Цел на нападите се и производствени постројки во САД, но и во други држави. Според владини претставници зад нападот стои Русија, јави Washington Post.

Добрата вест е дека внатрешните системи на нападнатата нуклеарна електрана и постројките не се компромитирани. Напаѓачите стигнале до административни и деловни системи. Федералното истражно биро и Националната агенција за безбедност ја поврзуваат Русија со овие напади.

Цел на нападите е Wolf Creek Nuclear Operating Corporation, која управува со нуклеарна електрана во Бурлингтон. Извештајот за сајбер нападот не покажува дали напаѓачите се обиделе да дојдат до деловни тајни или да воспостават контрола врз електраната. Сепак не е сѐ толку безопасно како што изгледа. Во извештајот се тврди дека хакерите ја мапирале мрежата за некои следни напади.

Ова е првпат да е познато дека руски хакери се вмешани во напади на објекти во САД, велат извори од администрацијата и индустријата за Washington Post.

Извештаите за сајбер нападите доаѓаат во исто време со преговорите помеѓу претседателот на САД, Донал Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, за креирање на рамка за заштита од сајбер опасност.

„Му се спротиставив на претседателот Путин два пати поради руското мешање во американските избори. Тој жестоко негираше. Веќе ви го кажав моето мислење. Успеавме да се договориме за прекин  на огонот во делови од Сирија и ова ќе спаси животи. Сега е време да се движиме кон иднината и да работиме конструктивно заедно со Русија! Путин и јас дискутиравме за формирање на единица за сајбер безбедност која не може да биде пробиена, па хакирањето на избори и многу други негативни работи ќе бидат чувани“, вели претседателот на САД, г. Трамп.

Доналд Трамп минатата недела потврди дека имало мешање во изборите и дека мисли дека можеби е Русија, но и други држави. Во одговорот на новинарско прашање го обвини Барак Обама кој како претседателе не реагирал на руското мешање во изборите, иако неколку минути пред тоа изјави дека не е сигурeн дали е Русија или некоја друга држава.

Плановите за заеднички сајбер договор со Русија се чини дека тешко дека ќе се остварат. Сенаторот Марко Рубио, кој доаѓа од истата партија која го номинира Доналд Трамп, веднаш изрази недоверба во соработката со Владимир Путин. Г. Рубио не е единствениот кој се сомнева во можноста за соработка со Путин на полето на сајбер безбедноста. Сенаторот Линзи Грахам, ја нарече идејата: „Една од поглупавите кои ги слушнал“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk