Дали малиот Amber може да им ги расипе плановите на гигантите

Многу големи компании ги тестираат своите автономни возила и се надеваат дека наскоро ќе можат да ги претстават во сообраќајот. Google и Tesla веќе презентираа дел од можностите на своите возила. Додека гигантите се натпреваруваат кој ќе го претстави првиот автономен автомобил на улиците, холандскиот стартап Amber ќе се обиде да ги престигне во намерата.

Компанијата се надева дека од средината на следната година возилата ќе ги освојат холандските улици. Ова барем е планот но директорот на стартапот Стивен Нилманс, јави Venturebeat.

Amber започна како студентски проект, но сега е најдисруптивниот автомобилски стартап во Холандија. Стартапот нема да продава или произведува возила, туку работи на технологија која предвидува каде и кога ќе бидат потребни возилата. Она што стартапот го ветува е дека без разлика каде се наоѓате возило ќе биде достапно на растојание до кое може да се стигне пеш.

Алгоритмот овозможува предвидување на потребата од превоз во следните 15 минути. Потоа компанијата со студенти возачи ќе обезбеди возила да бидат на локациите. Ако нема возило, Amber на корисникот ќе му плати такси. Со тоа стартапот не само што ќе ги направи такси возилата непотребни, туку ќе ги „пензионира“ и сервисите како Lyft и Uber.

Студентите возачи се преодно решение, но до средината на 2018, компаниајта ветува автономни возила. По развојот на одржлива и прифатлива технологија за автономни возила, студентите ќе бидат заменети со комјутери возачи. Тренингот на возилата е планиран за доцните часови кога улиците се празни. Она што е овозможено со дизајнот е дека возилото во случај на незгода ќе биде сосем уништено поштедувајќи ја околината.

„Нашите возила преку ден ги возат обични возачи, а возилата ги собираат сите податоци. Навечер собираат упте повеќе податови во автономниот мод на работа. Вака може да научиме многу побрзо“, вели г. Нилманс.

На софтверот за платформата соработуваат пет партнери. Дел од софтверскиот тим се Nvidia и Microsoft, а за превозот е задолжен BMW. Во партнерство со BMW компанијата се надева дека до 2021 ќе го креира своето прво возило „Amber One“.

Компанијата верува дека тоа што се лоцирани во Холандија, а не во САД всушност е огромна предност. Amber има партнерство со властите. Благодарение на ова можат да ги користат улиците на Ајндховен и Хелмонд за тестирање на возилата. Во САД Uber и Google се во преговори со градовите, дополнително компетитивноста во ова поле е проблем за Google, Uber и Tesla. Компаниите постојано си ги крадат инженерите. Да соработуваат возилата ќе беа на улици за неколку недели…

Секако предизвикот да се биде надвор од САД во ваква индустрија е недостигот на финансиски фондови. Среќна околност е што компанијата успеа да пронајде 10 експерти кои засега про-боно го нудат своето знаење и искуство.

Она што е најимпресивно стартапот ветува деа нема да застане со Холандија, нивното мото е: „Ќе го освоиме светот“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk