Од ирски инспирации до темни фантастични длабочини
Mandragora: Whispers of the Witch Tree е подготвена да ги вовлече играчите во свет на мрачна фантазија. Oд каде потекнува оваа волшебна визија? Неодамна бевме поканети на демо настан преку кој програмерите ги открија почетоците на овој амбициозен проект. “Сонот за Mandragora се раѓа за време на патување во Ирска во 2016 година,” открија тие. “Епската темна естетика на ирскиот фолклор навистина ја разбуди нашата креативност.” По две години бура од идеи, развојот официјално започна во 2018 година, и проектот оттогаш ги надмина нивните првични очекувања.
Искуство што комбинира жанрови
Mandragora не е задоволна да остане во границите на еден жанр. Нелионеарно истражување мајсторски ги спојува елементите на Action RPG со Soulslike. “Светот е меѓусебно поврзан, барајќи од играчите да отклучуваат способности за да пристапат до нови области, додека борбата го става акцентот на прецизно избегнување, парирање и тајминг,” објаснија програмерите. Она што навистина ја издвојува Mandragora е нејзината амбиција да создаде “нова генерација на Action RPG игри.” Ова вклучува спојување на длабоки RPG системи со предизвикот на Soulslike игрите. Но, авторите ни кажаа дека оние кои сакаат полесно напредување, ќе имаат бројни опции за соодветни прилагодувања на тежината. Додадете на тоа шест уникатни класи, рачно насликан свет, приказна од Брајан Мицода, и имате навистина различно искуство.

Создавање на вшиот херој: класи и прилагодување
Играчите ќе имаат слобода да се издигнат со шест уникатни класи. “Секоја класа има свој уникатен стил, иако исто така ги охрабруваме играчите да се експериментираат и да пробуваат различни комбинации,” забележаа програмерите. Системот на дрвото на таленти овозможува понатамошно прилагодување, овозможувајќи им на играчите да комбинираат вештини низ различни класи и да создаваат хибридни стилови на игра. Со над 200 надградби на вештини, секое играње ветува да понуди различни форми на уникатни комбинации.

Предизвикувачки средби и меѓусебно поврзани светови
Борбите со босовите во Mandragora се дизајнирани да бидат застрашувачки, при што секој бос поседува уникатни напади и однесувања. “Додека ја истражувате приказната, ќе дознаете повеќе за мотивациите на босовите, нешто што е можно и за време на борбата,” открија програмерите. Светот на играта е беспрекорен, меѓусебно поврзан лавиринт, барајќи од играчите да се враќаат со нови способности за да откријат скриени тајни и кратенки.

Прилагодена тежина и наративни длабочини
Mandragora има за цел да биде достапна за поширока публика со нудење прилагодени поставки за тежина. “Играчите индивидуално можат да го променат здравјето и излезната штета на непријателите, како и други дополнителни параметри,” објаснија програмерите. Играта нуди соло искуство кое е фокусирано на наративна длабочина, поврзана со темна сила наречена Ентропија. “Како инквизитор, вашето патување низ Фаелдум ќе биде да го запрете ширењето на оваа темна моќ,” открија тие. Темната средновековна фантастична поставка силно влијае на играта и на наративот, создавајќи угнетувачка атмосфера што влијае на секој аспект од играта.

Техничка вештина и уметничка визија
Технички, Mandragora има за цел да понуди стабилни 60FPS на конзоли од сегашната генерација, со 4K резолуција на PS5 и Series X и 1440p на Series S. PS5 Pro дури ќе има режим од 120FPS. Анимациите се прецизно изработени, со илјадници датотеки рафинирани во текот на осум години, за да се обезбедат прецизни борбени реакции. Визуелниот стил на играта црпи инспирација од темниот европски фолклор, средновековната уметност и готскиот хорор, создавајќи рачно насликана естетика што ja подобрува имерзијата. Оркестарскиот саундтрак, компониран од Христос Антониу, ја надополнува атмосферата на играта со прогонувачки мелодии и темни симфониски аранжмани.

Поглед напред: заедница и идни планови
Програмерите моментално се фокусирани на целосното издавање на играта, со планови за јавно демо и ран пристап за пред-нарачки. Тие се посветени на отворен дијалог со заедницата, особено преку нивниот Discord. Промената на насловот во Mandragora: Whispers of the Witch Tree го одразува проширениот опсег на играта и наративниот фокус, при што поднасловот навестува клучни елементи на приказната. Mandragora се разликува од наслови како Hollow Knight: Silksong со тоа што е првенствено RPG со систем на класи и различен наративен пристап, нагласувајќи го својот уникатен рачно насликан визуелен идентитет и длабоки RPG механики. Дрвото на вештерките е витална локација и во играта и во легендите. Програмерите изразија желба да го одржат светот на Mandragora жив што е можно подолго, навестувајќи потенцијални идни проширувања или продолженија.








