Microtica алатката за автоматизација на DevOps од DoxTeam и официјално е достапна

Современиот развој на софтвер доаѓа со низа предизвици и за среќа куп алатки кој може да го олеснат развојот. SaaS алатката Microtica им ја олеснува работата на DevOps тимовите со целосна автоматизација на процесот на „деплојмент“ на следната фаза на решението.

Сакаме да го направиме процесот на развој на апликација едноставен како да градите куќа од лего коцки, велат на блогот на Microtica.

Софтверот е во тест фаза од октомври, а сега е и официјално достапен. Microtica e развиена од DoxTeam последниве неколку години, но размислувањата и идеите за софтверот се од пред десетина години.

Во овој период излезе веројатно најпопуларната мобилна апликација направена во Македонија, Sportypal. Станува збор за фитнес апликација која функционира на повеќе платформи и уште тогаш се искачи на листата на најпопуларни фитнес апликации. Апликацијата во 2009 беше избрана за најдобра андроид апликација, а во 2010 заедно со Opera беа одбрани за најдобра Windows Mobile апликација.

DoxTeam e македонска софтверска компанија која во 2008 ја основана од Глигор Дачевски. Компанијата има повеќе успешни производи, од кои веројатно најпознати се Sportypal и Doxbee. Целото искуство на компанијата е преточено во Microtica вели г. Дачевски.

Ova beshe denot koga odluchivme MICROTICA da bide nashata idnina. Posle tochno 1 godina Microtica e "fully funded" i spremna e da go osvoi svetot.

Gepostet von Gligor Dacevski am Sonntag, 2. September 2018

Токму искуството со Sportypal и големиот број на корисници, но и самиот факт што девелоперите соработуваа со повеќе надворешни компании придонесоа во сегашниот развој на Microtica. Овие соработки им помогнаа да увидат дел од проблемите со кои се сочуваа и самите, но и нивните колеги.

Конечно потребата за изнаоѓање на решенија за проблеми со кои се сочуваа сите во индустријата е „заслужна“ за Microtica.

Со оглед на тоа дека стануваше збор за проблеми и предизвици со кои и самите се соочуваа, не им беше преголем проблем да ги лоцираат и да започнат да ги надминуваат. Секако конечното „исполирано“ решение не беше развиено наеднаш, но чекор по чекор дојдоа до конечниот „изглед“.

Работевме на сопствени производи ова ни овозможи да развиваме наша технологија базирана на архитектурата за микро-услуги и облак. Комбинацијата на најновата технологија, работата во облакот и обемното истражување и развој резултираше во создавање на наши внатрешни иновации кои ни донесоа поголем кредибилитет.

Тогаш, наидовме на потенцијален партнер ориентиран кон продажба, кој веќе имаше свој тим за развој на софтвер. Кога започнавме да работиме на нивните проекти, ја имплементиравме нашата технологија, што им овозможи да испорачуваат многу поефикасно, што за нивните клиенти значеше врвен квалитет и значително намалување на трошоците.

Целокупното искуство на работа со големи решенија, технологии во облакот и развој во различни сектори од осигурување до интернет на нештата е вклопено во Microtica.

Во овој период започнаа да тестираат решенија со повеќе „Jenkins“ инстанци. Но ова решение не беше стабилно, а и имаше голем недостаток. За секој проблем мораа да чекаат да дојде некој кој ја познава инфраструктурата за да им помогне.

Првиот предизвик беше што тимовите имаа тенденција да ја толкуваат технологијата во зависност од проектите на кои работеа. Покрај ова, автоматизацијата и стандардизацијата на процесот на испорака на софтверот беа децентрализирани, со што софтверот и облак инфраструктурата беа проблем за дистрибуирање низ тимовите.

Ова го правеше системот неефикасен, а тимот сакаше поефикасно решение. И наместо да чекаат одлучија самите да развијат платформа на која ќе се стандардизира начинот на кој развивачите развиваат, тестираат и пуштаат код во облакот. Решението требаше да обезбеди и можност за работатана развивачите да може да се користи и во идни проекти.

Ја надградивме нашата постојна технологија со платформа која одговара на предизвиците со кои се соочувавме и ја создадовме Microtica. Microtica им овозможи на сите наши развивачи да работат самостојно, без да чекаат другите да го решат прекинатиот подесување CI / CD.

Microtica го покрива целиот процес на автоматизација на испорака на софтвер од комплетно поставување на инфраструктура во облак до доставување апликации и услуги во облакот со помош на „kubernetes“. Microtica им овозможува на програмерите да го напишат и водат својот софтвер доверливо и скалабилно.

Решението треба да им овозможи на девелоперите поедноставна секојдневна работа во облакот, и можност да ги адаптираат своите потреби на облакот што ќе им обезбеди повеќе време за решавање на вистинските проблеми.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments