1 коментар 1 мин. читање 21 март, 2012

Бесплатните мобилни апликации ја цедат батеријата, се вели во истражување

Бесплатните мобилни апликации повеќе трошат батерија да објават реклами од надворешни сервиси, отколку што трошат батерија за да функционираат. Издавачите на апликации најчесто користат рекламни платформи за своите бесплатни апликации за да можат да заработат.

Истражувачите од Универзитетот Пердју, Индијана, откриле дека токму тие рекламни платформи ја трошат батеријата на Android и Windows Phone уредите. Тие не ја истражувале iOS платформата, бидејќи Аpple има рестрикции кои ја блокирале специјалната алатка која се користела за набљудување на работата на батеријата.

Разгледувајќи ја бесплатната верзија на најпопуларната мобилна игра Angry Birds, истражувачите откриле дека само 20 отсто од енергијата што ја троши апликацијата е потребно за играње. Од останатото потрошување, 45 отсто биле потрошени на откривање на локацијата на корисникот за да му се сервираат таргетираат реклами.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
some1
some1
14 years ago
Мени
Заедница
Изглед
To top