Белата куќа објави блог пост во кој го oбвини Иран дека им забранува на своите граѓани „универзално право за пристап до информации и слободно онлајн дружење“.
„Долго време иранскиот режим се обидува да го контролира текот на информации и идеи од и до иранските граѓани и надворешниот свет.“
Во својот блог САД ги обвинува Иран за мониторинг и филтрирање на интернет содржина, лимитирање на пристапот, гасење од интернет, плашење на граѓаните, шпионирање и следење, како и заплашување и препречување на вестите и медиумите.
„Денеска преземаме уште еден чекор со кој ќе им овозможиме на иранските граѓани да дојдат до софтвер и сервиси што им се потребни да се поврзат со останатиот свет преку модерни комуникациски методи.“, вели Белата куќа која претстави водич за „интернет слобода“ со линкови и совети за користење на бесплатен софтвер за комуникација.
Ваквата реакција на Обама околу иранскиот интернет моќе да ги зголеми тензиите меѓу двете земји кои ескалираат околу наводните амбиции на Иран да продолжи со својата нуклеарна програма. Како што видовме за време на „Арапската пролет“, интернетот и друштвените мрежи беа доста влијателен медиум во неколку арапски земји кои го мобилизираа народот и доведоа до револуции и промени на режими, па ваквата активност од страна на администрацијата на Обама може да се протолкува како обид да се мотивираат иранските граѓани да посегнат кон интернетот во борбата против радикалниот режим.
[youtube]7tSpWLq8vVM[/youtube]
Е да, а Американците се познат по тоа што цело време сурфаат на странски интернет па сега се бунат зошто другите не сурфаат надвор.