Сите оние кои прават PowerPoint презентации често се наоѓаат во ситуација да бараат три работи: теми, фотографии, или икони. iSlide е додаток кој релативно успешно ја задоволува вашата потреба за овие работи, без да ве осиромаши во процесот. Прво што треба да направите е да го преземете новиот iSlide така што ќе кликнете тука, па на црвеното Download Now копче. Отворете го и инсталирајте го преземениот фајл.

При вклучувањето на PowerPoint ќе видите iSlide прозорец кој ќе понуди да ви објасни како функционира ново-здобиеното јазиче. Кликнете Skip доколку сакате да го прескокнете туторијалот и создадете iSlide акаунт. По завршување, ќе видите ново iSlide јазиче на вашата лента со јазичиња. Од овој моменти имате на располагање дополнителни теми, фотографии и икони за вашите презентации, вметнати во соодветни категории. Некои од елементите чинат пари и за да добиете увид само за, да кажеме, бесплатните теми, кликнете на паѓачкото мени од горната десна страна и изберете Free.








Убав напис.
Секој може да создаде неверојатни презентации со овој додаток во PowerPoint.
Погледнете што може да стори за вас! За Windows и MacOS! !
Погледнете го овој пример:
https://islide-powerpoint.com/en/support/tips-ideas/15-minutes-en
На 9 главни јазици со, ленти за движење со вештерки и други одлични одлики.
Само регистрирајте адреса за е-пошта за да започнете!
Пробајте го понекогаш!
Со почит,
Силвија