Бесплатни алатки и ресурси за работа со PDF документи

Во неколку наврати имаме споменато дека PDF форматот е исклучително флексибилен. Но, од лесно, секогаш има полесно, особено во погледот со неговото справување.

Доколку го посетите следниот сајт, ќе наидете на серија од алатки и ресурси за ефикасна и понатамошна манипулација со .pdf документите.

Сите од 12-те понудени услуги се апсолутно бесплатни, со можност за платежна алтернатива во десктоп форма.

Враќајќи се кон бесплатните веб решенија, можете да започнете со нивна употреба инстантно, без да создавате акаунт или внесувате и-мејл.

На располагање имате алатки кои го конвертираат вашиот (OCR) PDF документ во Word, Excel, PowerPoint, или AutoCAD. Дополнително, можете да направите вие PDF документ од некој друг формат со алатката Free Online PDF Creator, или пак да трансформирате PDF во слика, или HTML. Нѝ се допадна и екстра лесниот читач преку кој можете да ги прелистувате сите PDF документи. За извршување на сите процеси, имате на располагање и соодветни алатки за iOS и Android. За крај, можете да искористите некои од бесплатно-понудените PowerPoint урнеци.

Иако нѝ се допаднаа бројните алатки и сме благодарни за препораката од претставникот од Investinteck, сепак не можевме, а да не ја регистрираме брзината со која се извршуваат одредени операции. Имено, конвертирање на поголеми и графички попредизвикувачки PDF документи знае да потрае исклучително долго. Нашиот .pdf документ од 30 MB (70 страни) се постави инстантно, но, по 15 минути чекање, се уште се конвертира. Помалите документи, меѓутоа, како тој од 2 MB (11 страни) беше инстантно прикачен, конвертиран и понуден за преземање. Резултатот е беспрекорен, со сите визуелни елементи целосно пренесени и со одлично извршена OCR постапка, каде текстот може да се надополнува, копира, брише, и слично.

И покрај одредените болно спори конверзии, алатките на Investintech се корисни сопатници, особено во ситуации кога барате ефикасна конверзија на помалку предизвикувачки PDF документи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments