0 коментари 2 мин. читање 6 март, 2018

Бесплатен курс за вештачка интелигенција од Google

Вептачката интелигениција е супер популарана, а потребата за кадар со познавање на технологијата е огромна. За жал кадар нема доволно, а една од причините е ограничениот пристап до знаење.

Google изработи цела серија предавања и вежби кои ќе им помогнат на оние кои ги следат да го продлабочат своето знаење. Learn with Google AI е наменет за сите, без разлика дали се искусни програмери или сега почнуваат.

Предавањата доаѓаат од искусни програмери од Google. Дополнително, лекциите доаѓаат и со туторијали и вежби за сите нивоа.

Првите неколку часови секако се наменети за првите чекори, а ниту еден курс за програмирање не е целосен без „Hello World“.

Ако сакате да поминете повеќе набрзина за да започнете со развој на сопствени алатки, може да го завршите Crash Course и да започнете со развој на сопствената идеја. Курсот има 25 лекции и 40 вежби, а проценката е дека се завршува за 15 часа. За курсот не е потребно предзнаење, иако се чини дека 15 часа ќе бидат доволни единствено да се изгледаат видеата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top