Facebook продолжува со развојот на бежичен интернет, кој ќе им биде овозможен на корисниците со помош на беспилотни летала. Новите вести од Facebook, велат дека беспилотните летала кои ќе го овозможат ова ќе бидат со големина на Boeing 747 и ќе можат да летаат без престан со години.
„За да овозможиме летање на овие авиони – беспилотните летала ќе мора да можат да летаат со месеци дури и години – над сите временски услови и над авиосообраќајот oд 18,3 до 27,4 километри. Вообичаено авионите не летаат на оваа висина, а секако ниту беспилотните летала“, вели Јаел Мегире на Mashable Social Good Summit.
Леталата ќе летаа на овие висини бидејќи нема да им сметаат на комерцијалните и воените воздухоплови, што овозможува да се намалат проблемите со законодавството. Но, од друга страна летот на овие висини доаѓа со низа технички проблеми кои ќе треба да се надминат за техонлогијата да стане реалност.
Компанијата најавува дека најрано и првите тестови на овие летала ќе започнат во 2015 година во САД. Првите тестови ќе се однесуваат единствено на леталата, а многу подоцна, дури по 3 до 5 години ќе може да очекуваме летала кој ќе обезбедуваат интернет. Најголем предизвик е собирањето на најновата техонологија за батериите, соларна енергија и композитни материјали. Дополнителен проблем е прашањето на кој ќе ги лансира беспилотните летала дали владите, јавниот или приватниот сектор.
[youtube]EMwzdYN2v2U[/youtube]