Белградскиот фудбалски клуб Црвена ѕвезда го претстави својот е-спорт тим

во feature, гејминг

Еден од најпопуларните српски фудбалски клубови, Црвена ѕвезда, го претстави својот тим за Балканската е-спорт лига. Клубот е прилично сериозен со натпреварите и имаат натпреварувачи од Романија и Полска. Тимот има и нов тренер и се потготвува за своите ривали, вели Netokracija.

„Идејата ни беше за почеток да донесеме квалитетен и искусен тренер, пред почетокот на втората EBL сезона во која ќе се обидеме да направим што е можно подобар успех. Не трба да заборавиме дека зад нас е и сезоната во Adria лигата во која не дојдовме до очкуваниот резултат, ама извлековме многу заклучоци и добивме искуство, кое ќе ни е важно во некои од следните натпревари“, вели Ведран Влаовиќ, менаџер на тимот.

Со новите меѓународни играчи клубот ќе се обиде е да ја освои лигата. Целта за оваа сезона е едно од првите четири места. Промени во тимот може да има сè уште, бидејќи во тек е селекцијата на тимот.

Клубот креираше и буткамп во кој целиот тим ќе живее, тренира и ќе се развива.

„Амбициите се големи, но планот е да одиме чекор по чекор и она што го правиме да биде квалитетно… Засега примарен фокус ни е EBL и сакаме тука да направим голем резултат.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk