Белешки од вториот ден на Glocal '09

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

{mosimage} Вториот ден од Glocal`09 конференцијата започна со сесијата „Тransforming Cultural Industries”. Првиот сесија „From Consumerism to Socialization” беше на Нада Швоб-Ѓокиќ од Институтот за интернационални релации од Хрватска. Нејзиното предавање зборуваше за промената на досегашните културни вредности и создавање на нови преку развојот на технологијата, посебно преку друштвените медиуми. Презентацјата на г-ѓа. Швоб-Ѓокиќ можете да ја видите тука.

Втората сесија беше на Василка Димитровска
која зборуваше за поврзување на археологијата со онлајн светот. Таа подоцна се сконцентрира на „антиквизацијата“ и дека властите го користат културното наследство да „победат во војната“… можеби и премногу политички настап за Glocal ’09?

Следна на сцената беше Калина Малеска од NYUS чија тема беше
"Sharing Intellectual Property: Books on the Internet as Opposed to Books in Hardcopy". Таа зборуваше за објавувањето на книги под Creative Commons лиценца. Таа рече дека позитивното во објавување книги на интернет е што авторите се достапни на поголема публика. Тоа што е интересно е што продажбата на книгите не само што не опаѓа, туку и се зголемува, вели Калина. Како позитивен ефект таа наведе и дека со CC авторите можат полесно да ги дистрибуираат книгите каде пазарот е мал бидејќи многу полесно ќе ги објават онлајн, отколку да ги штампаат.

Инаку, во
Македонија има 73 книги објавени под лиценцата Creative Commons, вели Калина, земајќи ги Букарски и Стојановски како успешен пример на македнонски автори.

{mosimage}

По кратката пауза, започна и четвртата сесија од Glocal ’09. Ја отворија Нилс Хендрикс и Лисбет Хујбрехт од Xios Универзитетот во Белгија со презентацијата "Human Media: A Critical Reflection on Social and Participatory Media".

Нилс ги претстави конкретните примери со кои се поврзуваат различните култури и како тие објавуваат содржини користејќи го феноменот на друштвени медиуми. Во неговата презентација тој напомена дека мора да се конкретизираа приватноста, како и за власништвото на содржините кои се објавуваат од страна на корисниците. Во неговата презентација неколку пати тој, како претставник на медиум, ја повтори реченицата "не се наши медиумите, туку ваши".

Следуваше „Otaku – the Living Force of the Social Media Network" презентацијата на Биљана Кочоска-Танеска, независен истражувач. Нејзината презентација за Отаку (аниме) онлајн феноменот кој се развива преку друштвените мрежи. Интересно е што љубителите на оваа култура и самите учествуваат во креирање на аниме содржината преку друштвените мрежи. Презентација можете да ја видите на нејзиниот сајт.

{mosimage}

Ристе Марковски од NYUS во својата „E-readines in Macedonia: Is the Public Ready?" зборуваше за тоа дека Македонија е блиску во Европа според ИТ вредностите. Статистиката е превземена од EuroStats и Заводот за статистика на РМ. За жал информациите од Заводот за статистика се од 2008 година. Презентацијата на Ристе можете да ја најдете тука.

Следната сесија беше за „Changing trends in Journalism", односно за влијанието на друштвените мрежи врз модерното новинарство. Прв на темата зборуваше Фаик Ујаник од BBC кој објасни како BBC размислуваат за друштвените мрежи.

Полно новинари на BBC ги користат друштвените мрежи, вели Фаик, а целта на BBC не е да ги спречи туку да постави принципи како новинарите на правилен начин да ги искористат блоговите, граѓанското новинарство, онлајн медиумите и содржината генерирана од корисниците.

Затоа BBC има одредено специфична полиса за своите новинари. Новинарот може секако да се вклучи во друштвените мрежи, вели Фаик, но мора да се однесува како вработен на BBC, да не навредува, да не објавува работниот материјал… Поентат на BBC е дека новинарот треба да ги користи друштвените мрежи за собирање на информациите и наоѓање на нови извори, но мора да се остане професионален.

{mosimage}

По Фаик, следуваше Игор Трајковски од Time.mk кој зборуваше за агрегаторите на вести кои се потребни бидејќи преставуваат промена во прибирањето на информациите. Луѓето можат преку вакви сајтови да откријат која е веста и колку е покриена и да соберат повеќе информации, наместо да следат еден медиум кој ја одбира својата содржина, понекогаш и игнорира дел од неа.

Сеад Џигал имаше презентација за „Interface of Social and Mainstream Media" во која зборуваше дека традиционалните медиуми имаат проблем со прифаќање на онлајн медиумите и друштвените мрежи.

На крај на вториот ден од Glocal ’09 имаше аудио презентација на Вељко Митиќ (тој не беше присутен на конференцијата) од Задарскиот универзитет, Хрватска. Презентацијата беше за„Broadcasting Enterpreneurial Brainchild Based on Some Social Media Experiments in South/East Europe". За жал аудиото беше тешко да се следи, бидејќи г-дин. Митиќ зборуваше многу брзо, а слајдот беше полн со текст. Но затоа аудиото ќе биде објавено наскоро.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments