{mosimage}Во продолжение ќе најдете кратки информации за сесиите, предавањата како и општите случувањата на првиот ден од Glocal ’09 конференцијата која можете да ја следите во живо, и на сајтот на IT.com.mk и на официјалниот сајт на конференцијата. Директно се објавуваат твитови и слики на Flickr тагирани со #glocal09…. Официјалното отворање беше оддржано од проф. др. Јане Милјовски од Њујорк Универзитетот, а присутните ги поздрави и проф. др. Дона Колар-Панов, декан на факултетот за комуникација и медиуми исто така на NYUS. По кратката кафе пауза, клучната сесија за денеска ја оддржа професор Кевин Робинс од Лондон универзитетот во Британија, со презентацијата наречена "Things I Stumbled Upon."
Кевин својата презентација ја фокусираше на тоа како технологијата и друштвените медиуми го менуваат идентитетот и културните граници. Тој активно користеше видео елементи од филмот Im Juli
и дополнителни аудио елементи за време на своето предавање.
По неговата презентација во програмата на Glocal беше оддржување на видео презентација на HelpMeInvestigate.com во живо со својот клас од страна на Пол Бредшо, професор на Бирмингем Сити Универзитетот. Но заради непланираните технички проблеми со интернетот, оваа презентација неможеше да се оддржи во живо, па така се објави бекап видеото кое Пол го снимил за секој случај. По завршувањето на видеото, Пол одговараше на прашања преку својот Twitter.
Проф. Оливер Хелригел од Универзитетот на применети науки во Минхен со презентацијата "Changes in the Media Landscape and the Resulting influences on Society and Consumer Behavior". Објаснувајќи ги друштвените медиуми и за тоа што може се да се постигне со нив, тој дури имаше и премногу општа презентација за публиката која е добро запознаена со друштвените мрежи кои проф. Хелригел ги објаснуваше. По завршувањето на неговата презентација се отвори активна и жестока дискусија помеѓу презентерите и публиката за тоа дали технологијата помага или одмага во мрзењето и нетрпението помеѓу културите и народите… На крај немаше некој конкретен заклучок, секоја страна си остана на своето.
{mosimage}
По паузата започна вториот дел “Learning Practices and Ethnographic Studies of Social Media" каде се преставија три различни идеи за работењето на медиумите и новинарите, за фотографиите за кои сега имаме аналогни и дигитални албуми и за Skype.
Прв во вториот дел зборуваше Даниел Кемп од Mediengruppe Pressedruck од Германија кој зборуваше дека работата на новинарите ќе стане покомплексна бидејќи сега информациите ги има насекада и се појавуваат секоја секунда, па потешко ќе биде да се организираат истите. За пример го посочи и начинот на кој многумина од публиката, вклучувајќи не и нас, ги користиме веб алатките за да информираме за настанот: Twitter, Live Stream, видео, Flickr…
Втората презентација од вториот дел е истраужвањето на Сабина Бaчио од National School of Political and Administrative Studies од Романија. Нејзинотот истраување се фокусираше на начинот на кој луѓето денес ги користат своите лични фотографии, и дека денес имама два фото албума едниот е аналоген албум кој го чуваме во фиока, кој има фотографии кои ги споделуваме приватно со пријателите, фотографии кои имаат забелешки каде и кога се случила позади на опачината, забелешки кои ќе ни помогнат да се ориентираме и да ја објасниме фотографијата…. сето тоа, аналогниот албум не потсетува и не врзума за минатото.
Имаме и дигитален албум, вели Сабина, кој е закачен онлајн, кој има тагови, албум кој немора да го објаснуваме на секој поединачни и приватно, туку сите кои сакаат да го видат тој „јавен“ албум едноставно ќе се ориентираат според таговите. Ако аналогниот албум е минатото, тогаш дигиталниот покажува тоа што сме денес.
Првиот ден од Glocal ’09 го заврши Радмила Живановиќ од New York University Скопје која зборуваше за Skype комуникацијата. Таа во своето истражување откри дека за разлика од постарите кои лесно и брзо се навикнуваат на Skype, помладите се поагресивни и понетрпеливи во очекувањето одговор. Тоа што е интересно е што и постарите и помладите ја користат онлајн комуникацијата не само за комуникација туку и за одржување на пријателството. Токму затоа и не се користи само еден веб сервис за комуникација, туку повеќе одеднаш или „multi-tasking".
Сите презентации ќе можат да се најдат на веб страната на Glocal ’09, најверојатно после завршување на конференцијата. Во меѓувреме можете да ја сладите во живо на Тwitter и со видео во живо.






