2 коментари 2 мин. читање 23 јуни, 2015

Beats прави добра маркетинг илузија дека слушалките се луксузен производ

Слушалките Beats, чиј бренд Apple го купи за 3 милијарди долари, се всушност лош производ кој корисниците го купуват благодарение на заштитното лице – раперот Др. Дре и впечатокот дека станува збор за полуксузен производ, обвинуваат инжинерите на Bolt во пост на Medium. Лажниот впечаток на луксуз доаѓа благодарение на четири метални делови кои се вметнати во слушалките, со единствена цел да ги направат слушалките малку потешки давајќи илузија на поквалитетен производ, вели блогот.

Можеби поскандалозно е отворањето на слушалките oд инженерите на Bolt кои според цената на компонентите проценуваат дека слушалките Beats, без иконското „b“ лого се околу 16 долари. За потсетување цената на слушалките во продажба е 200 долари. Најскапа компонета на слушалките се токму металните делови класифицирани како поддршка со цена од 3 долари. Интересно металните делови додаваат 30 отсто на тежината на слушалките.

Beats слушалките речиси во потполност се изработeни од пластика, a склопувањето во најголем дел е со лепење наместо со завртки, што не поевтино, туку самиот процес е поедноставен. Цената на пластиката е занемарлива велат инжинерите на Bolt, и за масовно производство воопшто не влијае на цената на производот.

Се разбира слушалките Beats не се единствен случај кога брендот е поважен од компонентите. Без сомневање нивната присутност кај познатите личности, музичари или глумци значително допринесува во популарноста, но тешко дека ова може да ја оправда цената на слушалките која е повеќе од 10 пати повисока од цената на компонентите, уште повеќе доколку слушалките и не нудат квалитетн звук како конкурентите со слична цена.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Ratko
Ratko
11 years ago

За овие пари ќе купам Sennheiser! Ама тоа е битно од Др. Дре се…

Goran
Goran
11 years ago

Ok mkbhd :-)

Мени
Заедница
Изглед
To top