Тејлор Свифт го натера Apple да ги плаќа музичарите во тест фазата на Аpple Music

во Свет

Под притисок на најголемите ѕвезди Apple ја промени својата одлука, и најави дека сепак ќе ги плаќа музичарите во периодот во кој Apple Music ќе биде во бесплатна пробна верзија, јави Verge. Сервисот започнува со работа на 30-ти јуни и во првите три месеци ќе биде бесплатен за корисниците.

Првичниот план на компанијата беше во пробниот период да не исплаќа авторски права кои потоа ќе им бидат исплатени на музичарите, благодарение на повисоките „royalties“ во однос на конкурентите. Сепак по притисокот замeник претседателот на Apple, Еди Кју, објави дека музичарите ќе бидат исплатени и во овој период.

Најгласна во критиките е Тејлор Свифт, која во знак на протест најави дека новиот албум 1989 нема да биде достапен на стриминг сервисот. Иако можеби изгледа дека музичарите се обидуваат да добијат премногу, сепак токму Тајлор Свифт најдобро објаснува зошто моделот на Apple е неправеден. Големите ѕвезди нема да загубат ништо, најголем проблем всушност ќе имаат новите бендови кои само што се приклучуваат на музичката индустрија. Тие во овој период можеби ќе имаат хит сингл за кој нема да бидат исплатени, а сервисот можеби и најмногу ќе профитира од успехот на новите синглови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments