Baxter е робот кој препознава кога греши читајќи ги мислите на луѓето

во Вести

Baxter е индустриски робот, но за разлика од многу роботи Baxter комуницира со својот оператор. Со своите две раце Baxter ги разделува различните предмети. Боите одат во една корпа, а жицата во друга. Потврдата за добро завршената работа го расположува и насмевка се појавува на неговото дигитално лице, a коментар за грешка го засрамува. Baxter е првиот робот кој може да ги чита мислите на операторот и со тоа може многу да го промени управувањето на роботите.

Од другата страна на масата е операторот на Baxter. На главата има една од најчудните кациги. Иако изгледа смешно, со помош на капата на која се прицврстени куп сензори му укажува на роботот кога прави грешка. Помеѓу Baxter и операторот, две пластични кутии одбележани со „боја“ и „жица“ и куп предмети кои треба да се распределат во нив.

Станува збор за интересен концепт кој овозможува управување на робот преку читање на мислите. Операторот на Baxter носи капа која овозможува читање на мозочните бранови. Мозoчните бранови кои укажуваат на грешка „error-related potentials“ (ErrP) се поинакви од другите и можат да се отчитаат. Со ова операторот може да му укаже на роботот кога греши и така и го управува. Роботот функционира нормално се додека не направи грешка. Кога ќе добие податок за направена грешка го презентира ова преку промена на „срамежлив лик“ на дигиталното лице.

Технологијата зад Baxter е дело на развојниот тим од MIT Computer Science and Artificial Intelligence Laboratory и Универзитетот Бостон. Првите тестови на Baxter се многу едноставни, но и успешни. Роботот може да избере единствено помеѓу две решенија за два типа на предмети на масата. Операторот единствено треба да се согласи или не со потегот на Baxter.

„Додека го гледате роботот како работи, треба единствено ментално да се согласите или да не се согласите со тоа што го работи. Не мора да вежбате да размислувате на специфичен начин – машината се адаптира на вас, не обратно.“, вели Даниела Рус од MIT.

Ова не е прва платформа која се тестира, но е една од наједноставните. Претходната контрола на роботи преку мозочни бранови бараше од операторот да ги контролира мислите во тесна рамка, јави Recode.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk