0 коментари 2 мин. читање 23 јануари, 2018

Battlefield 1 Apocalypse излегува наредниот месец

Наредното DLC за Battlefield 1 планира да се посвети на воздушните битки преку целосно нов мод и пет нови мапи. Првите три мапи се викаат Passchendaele, Caporetto и River Somme, а се дизајнирани со стандардните борбени тактики во предвид, односно комбинирање на гејмплеј тактики како пешадија или возило. Останатите две мапи, меѓутоа, London Calling и Razor’s Edge се специјално осмислени за воздушни борби и тоа преку новиот режим наречен Аir Assault.

Сопствениците на премиум пропусницата ќе може да го зграпчат додатокот уште од февруари. Покрај мапите, ратоборните гејмери ќе бидат пријатно изненадени и со нови возила, оружја и опрема. Па така, имате на располагање два нови бомбардери, шест нови оружја и уште едно подеднакво пријатно изненадување. Имено, со Apocalypse ќе се воведе и нов вид на специјализација. Таканаречените afflictions (маки) се замислени да ја направат играта потешка.

„Професионалните играчи кои сакаат да ги докажат нивните способности во било кое време,“, објаснуваат од DICE, „ќе бидат тестирани со дополнителни сопки кои заземаат најразлична форма. Активирајте Mortality за да губите 200 поени за секоја respawn точка или предизвикајте се со Paranoia и играјте постојано со гас маска.“

Оваа DLC се испорачува само преку Battlefield Premium Pass, а таквото нешто чини 50 евра.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top