0 коментари 2 мин. читање 23 јануари, 2018

Menu Museum е сајт за менија низ времето и просторот

Menu Museum е невообичаен веб сајт кој има едноставна мисија: Да ги обедини бројните менија од најразлични места и од најразлични временски периоди како би им се дал интересен увид во храната, цените и дизајнот на студентите во гостопримството.

Заинтересираната група посетители има на располагање над 500 менија од најразлични места и времиња. Не постојат менија од Македонија, но доколку сакате лесно можете да поставите некое  така што ќе се регистрирате на сајтот. Што се однесува за останатите места, имате корисен пребарувачки енџин кој прикажува менија според одредена храна, држава, град, година, цени и многу повеќе.

Креаторите на Menu Museum се всушност академици на универзитет во Брајтон и нивната примарна желба е студентите да ги разгледуваат трендовите во дизајнот на менијата и цените така што ги анализираат променливите вкусови во храна и пијалаци.

Мора да признаеме, како некои што воопшто немаат интерес во гостопримство, сепак нѝ беше интересно, барем на кратко, да видиме како одредени менија изгледаат и што прави инфлацијата со текот на времето.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top