Автономното возило на Mercedes-Benz е чекор понапред во иднината

во Свет

Mercedes-Benz ја претстави својата визија за автономната иднина со футуристичкиот F015 Luxury in Motion. За разлика од автомобилот на Google кој беше нарекуван и автомобил за кловнови, F015 повеќе наликува на моќен автомобил од иднината кој би бил возен од љубителите на авто-мото спортовите.

Внатре има шест екрани чувствителни на допир преку кои возачот управува со автомобилот, додека седи во прекрасно дизајниран ентериер. Причината за креирањето на луксузна внатрешност на автомобилот лежи во уверувањето на Mercedes дека автономните автомобили ќе ја променат перцепцијата на возачите, кои наместо превозно средство ќе ги гледаат возилата како мобилни домови.

„Сите кои се фокусираат единствено на технологијата не разбираат како автономното возило ќе го промени општеството. Автомобилот ќе ја надрасне улугата на превозно средство и ќе стане мобилен простор за живот“, вели Дитер Зетче од Mercedes-Benz, за Forbes.

[youtube]DYTV4d-Gn0s[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk