Фондацијата на Бил Гејтс, основачот на Microsoft, можеби успеа да пронајде решение за еден од најголемите проблеми на денешницата – недостаток на вода за пиење. Решението на Gates Foundation доаѓа во соработка со Janicki Bioenergy кои го креираа Janicki Omniprocessor, постројка со чија помош се прочистуваат фекалиите од канализацијата и притоа се произведува питка вода и електрична енергија.
Најпрво во Ominiprocessor се загрева смесата и водата испарува, остатокот е заплив и се користи за производство на струја, топлина која подоцна се враќа за загревање на следна смеса, а пепелта е богата со калиум и фосфор и може да се користи како ѓубриво, вели Verge. Првата прототип постројка е направена во Сиетл и може да преработи 14 тони канализациски материи во вода, електрична енергија и ѓубре. Цената на една ваква постројка е 1,5 милиони долари, а доволна е за опслужување на 100.000 луѓе, вели Wired. Од Gates Foundation истакнуваат и дека лошите санитарни мрежи и пракса ја чинат на пример Индија 54 милијарди долари или 6,4 отсто од БДП.
„Доколку успееме да направиме илјадници вакви погони, тогаш ќе им обезбедиме на луѓето да живеат подобро. Нивниот квалитет на живиот е подобар. Ќе спасиме многу животи, а локални компании ќе ги одржуваат овие постројки“, вели Бил Гејтс.
[youtube]bVzppWSIFU0[/youtube]