Автомобилите на BMW ќе доаѓаат со дигитален асистент

1 коментар 1 мин. читање

Возилата произведени од BMW од 2019 ќе имаат сопствен гласовен асистент како Cortana, Alexa или Siri. Асистентот го најави Дитер Меј, на почетокот на Disrupt SF конференцијата.

Секако асистентот за возилата на BMW ќе биде специјализиран за возење. Асистентот е создаден во партнерство со Microsoft, а изработена е и интеграција со Amazon. Како и останатата слична технологија и оваа ќе станува подобра колку повеќе се користи.

За почеток асистентот овозможува управување на целокупната функционалност во внатрешноста на возилото. Корисникот може да управува со се од музика до температура на возилото. Дополнително ќе бидат овозможени и гласовни команди за навигацијата.

На почеток асистентот ќе може да ги запомни омилените нагодувања на корисникот. Колку повеќе се користи ќе станува „попаметен“ па на крај ќе може и да предложи соодветни промени.

Технологијата ќе биде достапна веќе од 2019. Од март започнува во САД, Германија, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија, Швајцарија, Австрија, Бразил и Јапонија. Неколку месеци подоцна, во мај излегува и во Кина.

Асистентот ќе биде достапен во сите возила кои ќе бидат продадени по неомври. А преку надградба на софтверот ќе биде имплементиран и во останатите возила кои го поддржуваат.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед