Основачот на Alibaba сепак нема да се пензионира. Веста за пензионирање се појави на крајот на минатата недела, но сепак не станува збор за пензионирање веднаш. Наместо ова г. Ма ќе остане директор нa Alibaba уште една година, а по ова на чело на гигантот ќе седне Даниел Жанг. Ова секако ќе обезбеди мирна транзиција и промени на челото на Alibaba без турбуленции.
„Сите што ме познаваат знаат како се подготвувам за иднината. Ова не е пензионирање, чекор назад или откажување. Ова е систематски план.“, објасни Џек Ма, основач на Alibaba.
Г. Ма нема да се пензионира, но ниту веста не е сосем без основа. Г. Ма сака да се посвети на филантропија во образованието, па планира постепено повлекување од компанијата, кое започнува наскоро. Сепак промените во компанијата ќе траат подолг период, а основачот ќе остане во бордот до 2020 година, по ова ќе се повлече и од оваа позиција.
„Отпочнувањето со процесот на предавање на одговорностите на Alibaba на Даниел и неговиот тим е вистинската одлука во вистинско време. Од работата со него знам дека се подготвени и имам целосна доверба во следната генерација лидери”, напиша Ма
За почеток г. Ма останува во бордот на компанијата, а и ќе му биде советник на новиот директор. Интересно е што Alibаба одлучи деталите да ги објави на денот на 54-от роденден на г. Ма.
Alibaba е основана 1999 година, во моментов компанијата е проценета на 420 милијарди долари, а Г. Ма е најбогатиот човек во Кина. Основачот на Alibaba никогаш не ја криел својата љубов кон образованието. Пред да ја основа компанијата тој беше наставник по англиски.
„Сакам да се вратам на образованието, ова многу ме возбудува, бидејќи многу сакам да го работам“, додава г. Ма.
Транзицијата во Alibaba започна во 2013 година, кога г.Ма ја замени позицијата на извршен директор со претседател на одбор.
[…] дел од патувањата на Ма – кој можеби е само човек во пензија, со агенда да ги посети сите земји во светот, или пак […]