Еден од најпопуларнитре бесплатни антивируси, Avast, ја купи компанијата Piriform. Ако не ви е познато името, најверојатно ви е познат нивниот софтвер CCleaner.
Piriform е девелопер на софтвер за оптимизација на работата на компјутерите и за отстранување на несаканите фајлови. Компанијата има неколку производи, а досега CCleaner е преземен над 2 милијарди пати.
Avast веќе има функционалност во антивирусот која овозможува автоматско оптимизирање на системот. CCleaner има 130 милиони корисници од кој 15 милиони доаѓаат од Android. Avast кој неодамна го купи и AVG, сега има околу 400 милиони корисници. Заедничко и за двете компании е што имаат и бесплатна верзија на производите кои не се премногу различни од верзиите за кои се плаќа.
„Заедно веруваме во квалитетни бесплатни производи. Луѓето нема да го користат вашиот производ само затоа што е бесплатен. Напротив, ако нудите бесплатен производ мора да ги убедите дека вашиот производ е бесплатен, но не и евтин. Мора да креирате одличен производ за луѓето да го користат и да го препорачаат на семејството и пријателите“, вели Винс Стеклер, директор на Avast.
CClener слично како и AVG TuneUp ќе продолжи да функционира. Avast би можел да ја искористи технологијата во своите производи, а секако ќе, може и преку CCleaner да го понуди и останатиот софтвер.
Засега нема податоци за сумата која ја плати Avast за купување на Piriform.