Atari конечно достапен во претпродажба

0 коментари 2 мин. читање

Кога Atari најави дека ќе издаде конзола, носталгијата полуде дел од ентузијастите кои започнале да играат на нивните уреди. За жал, Atari од минатото одамна го нема, а ова е само брендот, но и тоа беше доволно.

Компанијата секако ги таргетира сите кои се пораснати со овие игри и носталгијата би можела да игра клучна улога. Тоа се забележува и по импресивното надминување на минималната граница на кампањата, иако границата беше поставена прилично ниско.

Конзолата на Indigogo ги собра потребните средства речиси веднаш. Сепак конзолата не е баш евтина. Има два модели, Atari Collectors Edition за 300 долари и Atari Onyx за 200 долари. Конзолата досега собра 2 249 286 долари од над 8 650 поддржувачи. Ова се цените во претпродажба, официјално цените ќе бидат повисоки, односно 340 и 250 долари.

Но, компанијата не застана на ова, заедно со конзолата доаѓаат и два контролери. Тука се класичниот џојстик на Atari и модерен контролер, односно гејмпад.

Добра вест е дека сите класици на конзолата ќе бидат достапни во продажба. Ова сепак не е ретро конзола, иако изгледот секако е. Двете конзоли доаѓаат со Linux и се способни да „пуштат“ и понови игри, Сепак креаторот на конзолата објасни дека сегашните игри нема работат. Но, во ризницата на Atari и онака има доволно игри.

Лоша вест, или можеби добра ако не може да се одлучите е дека имате и повеќе од доволно време. Atari конзолата ќе биде достапна дури во 2019 година.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед