Најновиот пакет од игри, Humble Assassin’s Creed Bundle, ви дозволува да уживате во бројни игри од овој серијал за цена која вие ја одредувате.
Првиот платежен столб ви дозволува за најмалку еден долар да ги проверите трите игри од таканаречените атентаторски хроники и да прошетате низ Индија, Кина и Русија, но и да ја проверите првата игра, играта која додатно ги прослави Ubisoft уште од 2007 година.
По цена од околу седум долари ги добивате игрите Assassin’s Creed 2 Deluxe Edition, Assassin’s Creed Liberation HD и Assassin’s Creed III заедно со првото од трилогијата додатоци за приказната за тиранијата на кралот Вашингтон.
Одделување 15 долари го отклучува третиот платежен столб, а со тоа и игрите Assassin’s Creed Brotherhood и Assassin’s Creed® Unity. Unity, меѓутоа, и понатаму е жив хаос и ноќна мора за PC конфигурациите, со бројни багови како во графичкиот дел така и во гејмплејот.
Сите од игрите се активираат преку Uplay – клиентот на Ubisoft кој од петни жили се труди да биде идниот Steam. Со купување на пакетот донирате до фондациите DuBonheur или The Pablove Foundation. Нормално, вие сте тие кои одредуваат колку од средствата да бидат одделени за добротворни цели, колку за издавачот на игрите, а колку на организаторите Humble Bundlе.