Arzette: The Jewel of Faramore e игра која изледа лошо, а е исклучително добра

Дваесетина години во иднина, Arzette: The Jewel of Faramore се труди да го одговори ултимативното прашање: што доколку CD-i Zelda игрите како Wand of Gamelon и Faces of Evil би биле добри?

Бегство во минатото

Влечејќи силна инспирација од игрите од едно одамна поминато време, Arzette: The Jewel of Faramore игра на носталгична карта. И успева во тоа. Би можеле да превртувате со очите и да не ги прифаќате релативно лошите меѓусеквенци, но таквото нешто не трае долго време. Интригантната приказна, впечатливата гласовна глума и забавните гејмплеј механики си го прават своето и за брзо време ве вовлекуваат во еден предизвикувачки и шаренолик универзум.

Во Arzette: The Jewel of Faramore играте со принцезата Арзет и патувате низ најразлични локации кои се полни со бројни непријатели, тајни и предизвици. Вашата цел е да пробате да го вратите десет годишниот мир кој станува загрозен со враќањето на злобниот Дајмур. За брзо време ќе разберете дека таквото нешто е далеку од прошетка во парк и потребно е многу истражување и борби додека да дојдете до судбоносниот момент.

Голем број од графичките елементи, како позадините се рачно нацртани, а сите меѓусеквенци се одглумени од професионални актери. Благодарение на ова, играта добива ретко видена и, на моменти, апсурдна димензија. Имено, од една страна, како да се работи за цртан филм за мали деца, направен со скоро никаков буџет и со сомнителен талент, а, од друга страна, дијалозите се одлично напишани, а глумата е на задоволително ниво. А тука се и, секако, гејмплеј механиките…

Предизвикувачка авантура

Уште од самиот почеток, со принцезата ќе можете да истражувате најразлични области, ќе скокате или ќе се качувате. При пресметки со бројните непријатели или ќе се борите со меч или ќе фрлате бомби. Борбениот систем е крајно едноставен, но предизвикот лежи во непријателите кои имаат различни офанзивни тактики. Поради ова, често се бара од вас да имате добри рефлекси и да внимавате како се движите и кога напаѓате. Подоцна, се отклучуваат дополнителни алатки, како и можности за навраќање кон одредени места и отклучување тајни места кои претходно не биле достапни.

Доколку сакате ретро презентација со модерни изведби тогаш Arzette: The Jewel of Faramore ќе ја задоволи вашата потреба за забавен платформер.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Seedy Eye Software
  • Издава: Limited Run Games
  • Жанр: Платформер, авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 14 февруари 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments