Армијата на САД работи на нов процесор

Армијата на САД, поточно истражувачкиот оддел DARPA, работи на сосем нов тип на процесор. Агенцијата со 80 милиони долари ја поддржа HIVE (Hierarchical Identify Verify Exploit) технологијата, јави Engadget. Процесорот ќе биде специјализиран за обработка на „big data“.

„Денешниот хардвер не е погоден за ваков предизвик, овие предизвици ќе стануваат се потешки и потешки, како што и количеството на податоци расте“, вели Трун Тран од DARPA.

Традиционалните процесори вчитуваат податоци и потоа ги обработуваат по редослед. За разлика од ова, HIVE ќе може да пристапува по 8-бајти податоци и да ги обработува истите. Овие податоци не мора да бидат кеш меморијата, туку процесорот ќе може да пристапи до било кој дел од системската меморија.

Image DARPA

За потенцијалот на технологијата говори и податокот дека Intel, Qualcomm and Northrop Grumman се партнери во овој потфат. Целта е новиот процесор да биде илјада пати поефикасен во графичката анализа од сегашните процесори. Процесорот ќе има примена во куп области, од дигитална безбедност до анализа на друштвени мрежи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk