0 коментари 2 мин. читање 13 јуни, 2017

Google ги пензионира малите паметни возила

Waymo го пензионира симпатичното мини возило на кое ја развиваше технологијата за автономни возила. Електричниот автомобил „Firefly“, кој беше нарекуван и автомобил за кловнови, ја заврши својата работа и ќе биде повлечен.

„Од почетокот Firefly беше платформа наменета за експериментирање и учење, не за масовно производство. Со дизајнирањето и изградбата на потполно автономно возило од ништо, можевме да креираме еден од најбезбедните делови од сложувалката – каде да ги поставиме сензорите, како да го интегрираме компјутерот, кои контроли му се потребни на патникот во автомобил кој сам вози. Firefly ги дефинираше овие препознатливи карактеристики, куполата на кровот на секој автомобил на Waymo“, вели тимот на Waymo.

Возилото започна како оригами идеја во 2013 година. Компанијата го користеше не само за тестирање, туку и за да ја прошири целата идеја за автономни возила. Компанијата со овие бавни возила успеа да го популаризира концептот на безбеден сообраќај со автономни возила. Можеби поважно Firefly покажа дека во автономните возила има повеќе простор и треба во целост да се редизајнира внатрешноста на возилата.

Image: Waymo / Medium

„Сега кога сме во следната фаза – овозможување на јавноста во користењето на автономните возила во секојдневието, подготвени сме да пензионираме флотата на Firefly и да се фокусираме на интеграција на нашата најнова технологија во возила како новиот Chrysler Pacifica“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top