Дизајнерот на компјутерски чипови, британскиот ARM, го најави новиот процесор, Cortex R-52, наменет за користење во автомобили, здравство и роботика. Процесорот е надградба на сегашниот R5 модел и прв ARMc8-R чип. Освен зголемената доверливост, процесорот има и 35 отсто подобри перформанси, вели AnandTech.
Компанијата која од неодамна е дел од Softbank, вели дека новиот процесор е подоверлив од конкуренцијата. „Ќе сакате овој чип да биде присутен кога има опасност од губење на живот или екстремитет, поради интеракција помеѓу луѓе и машини.“, вели Џон Ронко од ARM.
Компанијата веќе е во преговори со Uber и BMW за автоматизација на возилата. Според најавите чиповите ќе можат да детeктираат и да надминат дел од критичните проблеми со возилата. Процесорот ќе може да донесе одлуки во дадена ситуација, дали да забрза, да сврти или да закочи.
„Cortex-R52 е прв процесоr со ARMv8-R архитектура и во целост е креиран да обезбеди функционална безбедност. Им помагаме на нашите партнери да достигнат некои од можностите на пазарот. Пред сѐ во автономните возила, роботиката и здравството.“, вели Џејмс Мекнивен, од ARM.
Токму ветувањата за развој и напредок во овие зони, беа главната причина поради која јапонскиот гигант го купи дизајнерот, вели Bloomberg.
Процесорот ќе биде конкурент на Intel Yogitech. Yogitech е италијански производител на прецизни полупроводници, кој од неодамна е дел од Intel.







