App.net, друштвената мрежа без реклами, но со претплата, за која пишувавме пред неколку недели, ја доби првата (неофицијална) апликација за iPhone. Апликацијата која го привлече светското внимание е развиена од две хрватски компании – Planet 1107 и (Twinkle Tap од Загреб кои се надеваат дека апликацијата ќе го пронајде своето место помеѓу публиката, заедно со друштвената мрежа која има над 20.000 луѓе кои плаќаат по 50 долари годишно за пристап.
„Во моментот кога сфатив дека App.net ќе добие инвестиции, зборував со својата екипа и се договоривме да направиме еден client app и да го објавиме први… и успеавме во тоа. За оваа цел ми требаше квалитетен дизајнер, па бидејќи не познавам поквалитетен дизајнер од МаркоTwinkle Tap), зборував со него. Му се допаѓаше идејата и така започнавме.“, вели Горан Вукшиќ од Planet 1107 за Нетокрација.
Апликацијата е фино дизајнирана и се состои од четири табови – временска лента, споменувањата, табот за профили и глобалниот таб преку кој може да се следи што се случува на целата мрежа. Развивачите на апликацијата сметаат дека таа сè уште не нуди доволно за да им наплаќаат на корисниците, а најавуваат и понатамошно одржување и надоградување на AppNet Rhino.
Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете од iTunes App Store.









Ова ич не ми личи на Twitter