0 коментари 1 мин. читање

Apple вработува нови таленти за да работат на iWatch

Apple агресивно вработува нови дизајнери и инженери кои ќе работат на iWatch. Ваквото регрутирање на нови инженери е своевидно признавање дека во Купертино го немаат потребниот капацитет за ваков проект и нивните инженери немаат решение за преносни уреди, вели Financial Times.

Компанијата има префрлено или вработено помеѓу 50 и 100 дизајнери кои работат на часовникот, помеѓу нив и Пол Денев од модната куќа Yves Saint Laurent. Тој ќе работи на специјални проекти и ќе одговара единствено на директорот на Apple, Тим Кук. Освен изгледот на паметниот часовник, се решават и повеќе поголеми инженерски проблеми. Бидејќи на пазарот веќе постојат слични производи како Fuel на Nike или Kickstarter финансираниот часовник Pebble, доколку iWatch не успее да се покаже како поквалитетен, различен и со повеќе функционалности или содржини, ризикува да се претопи со останатите уреди.

Неодамна Apple започна да го заштитува името iWatch на повеќе пазари, помеѓу кои Мексико, Јапонија и Русија. Иако претпоставките беа дека часовникот ќе излезе во 2016 година, Apple сепак се подготвува паметниот часовник да го презентира на крајот на 2014-та, вели изворот на Financial Times.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top