2 коментари 2 мин. читање 14 јануари, 2016

Apple тајно работи на електричен автомобил, тврди директорот на Tesla Motors

Apple работи на електричен автомобил, тврди основачот и директор на Tesla Motors, Илон Маск, во интервју за BBC. Интересно е што досега нема потврда за ова од Apple, иако компанијата ги заштити домените apple.car и apple.auto.

Веста за автомобил од Купертино не ја слушаме за првпат од г. Маск, кој претходно им се потсмеваше на Apple дека ги вработува неталентираните инженери на Tesla. Неодамна неколку влијателни медиуми излегоа со вести дека Apple поднел барање за дозвола за тестирање на автомобили во Калифорнија.

Сепак г.Маск не стравува од конкуренцијата: „Ова ќе ја рашири индустријата… Тесла и понатаму има цел да ги креира најпривлечните електрични автомобили, и ова продолжува да биде наша цел, истовремено помагајќи им на останатите компании да креираат електрични автомобили“. Кога конкуренцијата е во прашање, најголема предност за освојување на пазарот им дава на Nissan и BMW, кој во иднина би можеле да бидат најдобро продавани електрични автомобили. Што се однесува до Tesla, компанијата не може да се надева дека ќе има некакво поголемо влијание без поевтин автомобил, што е и целта на следната генерација – Model 3 кој е најавен за 2017 година.

„На долг рок, никој нема да купи автомобил доколку не е автономен. Поседувањето на автомобил кој е автономен ќе биде како поседувањето на коњ – ќе го поседувате и користите од сентиментални причини, но не и секојдневно“

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top